Најголемата изложба во Сиднеј воопшто вклучува над 400 објекти од класична антика до модерни дела, од различно потекло, опфаќајќи период од скоро 2500 години. Го опфаќа Митот за Александар, неговото минато, кампањата на исток, културното наследство на Македонската Империја и влијанието на истото.
Од 24 ноември минатата година па до 28 април годинава во Сиднеј се одржува најголемата изложба за Александар Трети Македонски до сега. Насловена како Александар Македонски: 2000 години богатство, ексклузивно презентира артефакти од големиот Ермитаж во Санкт Петерсбург.
Истиот период 2011та и 2012та, во Лувр се одржа сличен настан во чест на најголемиот владетел на сите времиња.